Погачи со спанаќ и фета сирење

Потребни состојки:

Едно пакување лиснато тесто

Маслиново масло

Една главица кромид

Праз

2 чешниња лук

500 грама спанаќ

2 јајца

30 грама фета сирење

Сок од половина лимон

Сусам

Начин да подготовка:

Кромидот и празот исечкајте ги ситно, па динстајте ги на маслиново масло. Додајте го исечканиот лук и динстајте уште неколку минути. Додајте го и спанаќот и динстајте додека не испари водата.

Динстаниот зеленчук ставете го во сад и додајте едно јајце, лимонов сок и сирење. Измешајте добро и оставете ја смесата да отстои.

Загрејте ја рерната на 20 степени. Развлечете го тестото со дебелина од околу 5-6 центиметри и поделете го на 4 делови со нож. На секое парче тесто ставете од смесата со спанаќ и сирење и преклопете го со другата страна. Притиснете ги рабовите на погачите со виљушка за добро да ги затворите.

Изматете го останатото јајце и премачкајте ги погачите, ставете сусам и печете додека тестото не порумени.

Scroll to Top