Полнето пиле

Потребни состојки: 

1 пиле од 1,5 до 1,8 кг
1 поголема главица кромид
2 моркова
2 стебленца целер
120 г ориз
500 мл пилешка супа
40 г пармезан
црн пипер, сол, масло

За прилогот:

1 помала брокула
1 помал карфиол
3 моркови

Начин на подготовка:

Кромидот се чисти и се сече на коцки, морковите и стебленцата целер се лупат, па и тие се сечат на коцки. На малку масло се пржи кромидот, а потоа се додаваат морковите и стебленцата целер, па и тие кратко се пржат. Се става оризот, па понатаму се динстува, постепено долевајќи по малку пилешка супа додека да набабри оризот. Се додава пармезанот, се посолува и забиберува по желба. Пилето се полни со приготвениот ориз, па отворот се прекрива со кожичка и се прицврстува со чепкалки. Тепсијата се обложува со хартија за печење и се прска со масло. Се става полнетото пиле и се пече во загреана рерна на 200 степени додека да порумени.

Карфиолот и брокулата се чистат од коренот и надворешните листови и се кинат на цветови, морковите се лупат и се сечат на крукчиња. Зеленчукот се обарува на пареа и се послужува како прилог со печеното пиле.

Scroll to Top