Популариот домашен мајонез

Потребни состојки:

2 жолчки
1 лажица сок од лимон
1 лажица (или помалку) алкохолен оцет
1 лажичка сенф
3/4 лажичка сол
1/8 лажичка шеќер
1 чаша растително масло по ваш избор
1/2 чаша маслиново масло
бибер и други зачини по вкус

Начин на подготовка:

Ставете ги сите состојки (освен маслото) во сад за матење и матете за да добиете густа смеса. Малку по малку додавајте го маслото и блендирајте додека смесата не стане кремаста, во вид на мајонез.

Scroll to Top