Посен колач со џем и какао

Потребни состојки:

400 мл вода
18 лажички меко брашно
13 лажички шеќер
3 лажички џем
мармалад по избор
100 гр посен мелен кекс
4 лажички масло
2 лажички какао во прав
2 лажички сода бикарбона

Фил:

125 г маргарин
100 г шеќер во прав
100 г чоколадо за готвење
100 г мелени ореви
200 г мелен кекс
200 мл сок од портокал

Глазура:

100г чоколадо за готвење
3 лажички масло

Начин на подготовка:

Вклучете ја рерната да се загрее на 180 степени. Во топла вода изматете 13 лажици шеќер. Додадете масло и џем и промешајте повторно. Потоа, додадете брашно, какао, сода бикарбона и кекс (може и ореви) и сѐ заедно изматете. Во плех со димензии 30 x 20 цм ставете хартија за печење и ставете ја смесата. Ставете ја кората на хартија за печење па ставете ја смесата. Печете ја кората 13 минути. Печената кора оладете ја. Изматете го пенливо маргаринот со шеќерот во прав и додадете го мелениот кекс и со миксер изматете. Масата ќе биде густа и сува, но не грижете се, се додава сок. Потоа додадете го ренданото чоколадо и мелените ореви. Повторно со миксер вклучен со мала брзина соединете. Потоа полека истурете го сокот и матете додека не добиете смеса што може да се намачка на кора. Нанесете ја на кората и израмнете. Истопете чоколадо со масло за глазура па прелијте преку колачот. Оставете чоколадата да се зацврсти и послужете го.

Scroll to Top