Посен колач со мак

Потребни состојки:

3 шолји брашно
2 шолји шеќер
2 шолји вода
1 шолја масло
200 грама мак
1 прашок за печиво
малку џем или шеќер во прав
масло

Начин на подготовка:

Измешајте ги сите состојки, ставете ги во подмачкан плех и испечете го колачот. Готовиот колач по желба премачкајте го со џем или наросете го со шеќер во прав. Исечете го на коцки и послужете го.

Scroll to Top