Посен колач со мармалад

Потребни состојки:

1 шолја вода
1 шолја шеќер
1/2 шолја масло
2 шолји мармалад од кајсии
2 шолји брашно
1 ванила
1 лажичка сода

Начин на подготовка:

Сите состојки се замесуваат со лажица или со миксер. Смесата се истура во тава за печење претходно обложена со хартија и масло, па се пече на 200 степени околу 1 час. Колачот се украсува со мелени или сечкани ореви, по желба.

Scroll to Top