Посна салата со краставица и пченка

Потребни состојки:

150 гр. зелка
1-2 ротквички
1 помала краставица
1 лажица копар
150 гр. пченка
2-3 лажици посен мајонез

Начин на подготовка:

Исецкајте ги зелката, краставицата, ротквиците, пченката исцедете ја од водата, исечкајте го копарот, додајте сол по вкус и измешајте. Спојте ги сите состојки со неколку лажици посен мајонез. Ставете ја во фрижидер малку да се олади, па послужете ја.

Scroll to Top