Посна тава со ориз и печурки

Потребни состојки:

1 голем кромид
3 моркови
1 пиперка
1/2 чаша ориз
300 гр свежи шампињони
1 лажица мешан сув зачин
1 лажица мелен црвен пипер
1/2 лажичка буковец
1/2 лажичка бибер
1/2 лажичка оригано
ситно сечкан магдонос

Начин на подготовка: 

Морковот и кромидот ги сечкаме на мали коцки. Пиперката исто ја сечкаме на мали парчиња. Ги ставаме на масло на средна температура да се пропржат. Ги ставаме печурките кои претходно сме ги исечкале па ги препржуваме и нив. На крај го ставаме оризот и ги додаваме зачините и сечканиот магдонос. Смесата ја ставаме во земјена тава. Налеваме вода да ја покрие смесата и ја ставаме во рерна да се пече на околу 200 степени.

Scroll to Top