Посни чоколадни мафини

Потребни состојки:

150 г брашно
150 г мелени овесни снегулки
300 мл вода
3 лажици гриз
1 кесичка прашок за печиво
1/2 кесичка сода бикарбона
50 г какао
50 г шеќер
1 кесичка ванилин шеќер
цимет
2 рендани јаболка
2 пасирани банани
рендана кора од портокал или лимон
50гр суво грозје
100гр мелени ореви

Начин на подготовка:

Измешајте ги прво сите суви состојки, па додајте ги водените и на крај постепено додавајте вода. Добро соединете ја смесата и ставете ја во калап за мафини во кој претходно сте наредиле хартиени корпи. Загрејте ја рерната на 220 степени, па печете ги мафините 15-20 минути. Ако немате калап, може да го ставите колачот во обичен плех и да го испечете цел. Кога ќе бидат готови, наросете ги со шеќер во прав или да ги украсите со ливчиња бадеми.

Scroll to Top