Посни мафини со млад кромид

Потребни состојки:

800 грама пченкарно брашно
1 чаша зејтин
Млака вода колку што е потребно
Сол по вкус
Три снопчиња млад кромид

Начин на подготовка:

Измијте го и исчистете го кромидот, исечете го на тркалца заедно со перјата и кратко пропржете на зејтин, само за да го омекнете кромидот. Истурете го брашното во сад за мешање, направете дупка во средината, а потоа истурете го пржениот кромид кој сте го оставиле да се излади малку претходно. Посолете и почнете да го месите тестото, додавајќи зејтин и вода. Кога ќе добиете изедначено тесто, ставете го во садот за печење што сте го обложиле со хартија за печење или во подмачкани калапи за проја. Печете во рерна загреана на 200 степени додека не се зарумени.

Scroll to Top