Принцес-крофни со јагоди

Потребни состојки:

За крофни

7 поголеми јајца
210 гр брашно
200 гр путер
200 мл вода

За крем

500 мл млеко
4 жолтки
200 гр шеќер
75 гр брашно
Шеќер во прав
250 гр јагоди

Начин на подготвка:

Ставете вода и путер во помало тенџере и оставете да зовријат. Откако состојките ќе зовријат додајте брашно и постојано мешајте со жица за матење. Изматете ги јајцата со миксер, па додајте ги во смесата со путер и брашно, мешајте прво со жица, па со лажица, но мешајте постојано. Ставете хартија за печење, па со шриц направете мали крофни. Оставете простор помеѓу нив. Печете во рерна на 180 степени, 15 до 20 минути. Во меѓувреме, направете крем. Ставете го млекото да зоврие, а во меѓувреме изматете ги жолтките со шеќер, постепено додавајте брашно и матете со миксер додека да добиете изедначена смеса без грутки. Во вареното млеко додајте ги изматените жолтки, мешајте за да добиете пенлив крем. Мешајте постојано. Тргнете од оган. Исечете ги крофните на половина, додајте од кремот, потоа внатре ставете и исечкани јагоди. Наросете со шеќер во прав и послужете.

Scroll to Top