Редена баклава со ореви и цимет

Потребни состојки:

500 гр кори за баклава
250 гр јатки ореви
8 бисквити
80 гр лебни трошки
2 ванили
1 голема лажица цимет
кора од 1 портокал
120 гр путер
100 мл масло

Шербет:

500 гр шеќер
600 мл вода
2 ванили

Дополнително:

100 гр чоколадо

Начин на подготовка:

Путерот се растопува и се додава маслото. Бисквитите се мелат и се ставаат во еден сад. Во садот се додаваат лебните трошки, кората од портокал, ванилата и циметот. Оревите се мелат на крупно и тие се додаваат во садот со бисквитите. Се промешува сè за да се соедини. Тавичката каде што ќе се пече баклавата се премачкува со смесата од путер и масло. Се редат три корите, се премачкуваат со една лажица од смесата со масло и путер и се исипува еден дел од смесата од ореви и бисквити. Врз него се ставаат три кори и процедурата се повторува додека се искористи целата смеса и сите кори. Баклавата се сече на правоаголници. Путерот и маслото се загреаваат и со смесата се прелива баклавата и се пече во почетокот на 200, а потоа на 150 степени. Готовата баклава се остава да се излади целосно. Во длабок сад се ставаат шеќерот, ванилата и водата и се оставаат да вријат на оган околу 10 минути. Оладената баклава се прелива со топлиот шербет. Следниот ден бакалвата се декорира со топено чоколадо.

Scroll to Top