Рецепт за бадниково лепче со паричка

Лепчето со паричка традиционално се прави за Бадник, и се разликува во различни делови на Македонија – некаде се прави како погача, некаде е благо и се прави со ореви, мед …

Доколку сакате нешто едноставно, или можеби не сте особено вешти во кујната, овој едноставен рецепт ќе ви помогне сепак да замесите добро лепче.

Состојки:

Килограм брашно

Лажичка сол

Вода

Малку прашок за пециво (врв на лажичката)

Подготовка:

Во поголем сад ставете го брашното, прашокот за пециво, една лажичка сол и постепено додадете вода (на собна температура), со цел да замесите тесто со средна тврдина.

Најдобро е полека да дотурате вода, за да избегнете премногу лепливо тесто. Кога добро сте го замесиле тестото за да стане мазно, во него додадете паричка … и повторно замесете, така да не се гледа каде се наоѓа.

Scroll to Top