Рецепт за познатата „Селска пита“

Состојки:

 

За долниот слој:

500 гр мешано мелено месо

1 главица кромид

2 чешниња лук

2 моркови

1 лажица зачин

масло

1 лажица брашно

1 лажица доматно пире

2 дл говедска супа од коцка

мајчина душица, оригано, магдонос, морско оревче

сол, бибер

За горниот слој:

 

500-600 гр компири

30 гр маргарин

50-80 мл млеко

сол

100 гр рендан кашкавал

Подготовка:

 

Компирите се лупат и се сечат на средно големи коцки или тркалца и се ставаат во сад со солена вода па се варат додека не омекнат.

Додека компирите се варат, се прави слојот од месо:

Кромидот, морковот и лукот ситно се сечкаат и на кратко се пропржуваат на масло. Се додава месото, зачин , бибер и по потреба сол. Се динста 10-ина минути и се посипува со брашно. Се меша внимателно, да не се направат грутки од брашното. Врз месото се налева веќе подготвената супа од коцка и доматното пире. Се динста уште 10-15 минути или додека не се добие убава кремава густа смеса.

Целата смеса се префла во намастен сад за печење.

Сварените компири се цедат, им се додава маргарин и млеко и се гмечат додека не се добие пире. Со пирето се покрива слојот од месо.Се пече во загреана рерна на 200⁰С околу 30 мин. Пред крај на печењето, врз пирето се ренда кашкавалот и повторно се враќа во рерна додека не добие крцкава златна коричка. Кога ќе се испече, се остава да се излади 15-ина минути и потоа се сече.

Scroll to Top