Ролат со бадеми

Потребни состојки:

4 јајца
4 лажици топла вода
100 грама шеќер
1 кесичка ванилин шеќер
изрендана кора од 1 лимон
100 грама брашно
25 грама густин
малку прашок за печиво
малку ликер по желба

За филот:

1 кесичка крем за торта (250 грама)
½ литар млеко
250 грама путер
3 полни лажици шеќер
150 грама крупно сечкани бадеми

Начин на подготовка:

Измешајте ги сите состојки за тестото и изматете ги за да добиете пенеста смеса. Ставете хартија за печење на плех и истурете ја смесата внатре. Тестото треба да биде со дебелина од околу 1 сантиметар. Печете го околу 15 минути на 200 степени. Кога ќе се испече тестото, префрлете го на хартија наросена со шеќер во прав и врз него може да капнете малку ликер по вкус. Свиткајте го заедно со хартијата за печење.

Подгответе го кремот за тортата според упатството на кесичката. Спојте го со путерот што сте го изматиле пенесто со 3 лажици шеќер. Во филот додајте ги бадемите. Исфилувајте го ролатот и оставете го да отстои во фрижидер неколку часа пред да го послужите.

Scroll to Top