Ролат со јагоди

Потребни состојки:

За тестото:

4 јајца
4 лажици брашно
4 лажици шеќер

За кремот:

300 мл слатка павлака
400 гр јагоди

Начин на подготовка:

Загрејте ја рерната на 180 степени. Одвојте ги белките од жолчките. Во жолчките додајте го шеќерот и изматете ги. Во друг сад направете шлаг од белките. Во смесата со жолчките додавајте брашно, па шлаг и мешајте. На почетокот смесата ќе биде густа, а на крајот поретка и по малку пенлива. Обложете тава со хартија за печење. Излијте ја смесата во тавата и распределете ја рамномерно. Ставете ја во рерна и печете 10тина минути. Кога површината на тестото ќе биде златна, извадете го тестото од рерната и префрлете го во чинија со хартијата за печење одозгора. Навлажнете ја хартијата за да можете полесно да ја отстраните, а потоа покријте го тестото со крпа и оставете го да се олади. Измијте ги јагодите, исчистете ги и исечкајте ги на парчиња. Со миксер изматете ја слатката павлака. Одмотајте го остинатото тесто, премачкајте го со шлагот, па наредете ги јагодите и замотајте ги во ролат. Послужете со бело вино или кафе.

Scroll to Top