Потребни состојки:
25 гр свеж квасец (половина коцка)
250 мл млеко
100 мл масло
2 јајца
4-5 лажици шеќер
1/2 лажичка сол
за полнењето мармалад по ваш избор
за премачкување на тестото 1 жолчка и малку масло
Начин на подготовка:
Разматете го квасецот во 250 мл млако млеко заедно со 1 лажица шеќер и оставете го да нарасне десетина минути. Во сад ставете го брашното и во него ставете ги нараснатиот квасец, јајцата, маслото, шеќерот и солта. Измешајте ги состојките да се соединат и замесете тесто на набрашнета површина. Потоа поделете го тестото на два дела, покријте го и оставете го да нарасне 30-45 минути. Кога убаво ќе нарасне, првото парче исукајте го потенко и премачкајте го со мармалад. По желба мармаладот можете да наросите мелени или сецкани ореви. Завиткајте го тестото во ролат, ставете го во подмачкано тавче и премачкајте го одозгора со жолчка помешана со неколку капки масло. Истото направете го и со второто парче тесто. Ролатите печете ги на температура од 200 степени околу 45 минути. Кога ќе се испечат, ролатите уште жешки испрскајте ги со вода и покријте ги со крпа малку да се оладат. Потоа наросете ги со шеќер во прав и послужете ги.