Ролат со сирење

Потребни состојки:

900 гр брашно
40 гр свеж квасец или 10 гр сув
200 мл јогурт
200 мл млака вода
150 мл масло
3 јајца (2 жолчки за тестото, 2 белки за филот, 1 јајце за премачкување)
2 лажички шеќер
1,5 лажичка сол
100 гр сусам
150 гр маргарин
300 гр ситно сирење

Начин на подготовка:

Квасецот измешајте го со млака вода и шеќер, додајте ги останатите течни состојки, јогурт, масло, жолчки. Замесете тесто, намастете го со лажица масло и оставете да се подига околу еден час. Сирењето измешајте го со белките, а ако е потребно посолете. Тестото премесете го и поделете го на две или три штрудли. Развлечете го во вид на правоаголник, филувајте со сирењето и замотајте во вид на ролат. Премачкајте со ролатот со разматено јајце и врз него ставете многу сусам и неколку парченца маргарин за да биде помеко. Печете во загреана рерна на 220 степени околу 30-40 минути. Послужете го топол.

Scroll to Top