Ролат со тиквички и сланина

Потребни состојки:

500 грама рендани тиквички
6 јајца
200 грама рендана моцарела или кашкавал
копар
сол
1 лажица маслиново масло

Фил

250 гр крем-сирење
100 гр рендано сирење
200 г сланина

Начин на подготовка:

Изрендајте ги тиквичките и ставете ги да се исцедат 30 минути. Изматете ги јајцата, додајте ги исцедените тиквички, моцарелата (кашкавалот) и зачинете со сол и иситнет копар. Во правоаголна тава послана со хартија за печење и малку намачкана со маслиново масло, истурете ја смесата и раширете ја рамномерно. Печете 25 минути во загреана рерна на 200 степени. Подготвената кора се витка во ролна додека е топла, па оставете ја да се излади. Изладената кора намачкајте со крем сирењето, одозгора изрендајте кашкавал и сланина. Завиткајте ја во вид на ролат и оставете да се олади добро во фрижидер, па послужете.

Scroll to Top