Рецепт на брзина за сите вработени и зафатени домаќинки.Може да го направите со компири или со пире кое ви останало од ручек.
СОСТОЈКИ:
1 кг компир
150 гр шунка
2-3 лажици брашно
сол
бибер
масло
магдонос
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Компирот се вари, па се прави пире. Можете да земете и готово пире во кесе и да го сварите во вода. Се сече шунката на коцки, се пржи на тава, па се додава на оладеното пире.
Се ставаат магдонос, сол и бибер и зачини по желба. Се додава и брашното да се поврзе смесата. Натапкајте тесто и вадете ќофтиња. Пржете ги во добро загреано масло.
Ставете ги на салфета да ја впијат маснотијата.