Салата со спанаќ и домати

Потребни состојки:

200 грама спанаќ
100 грама домати
3 лажици лимонов сок
2 лажици маслиново масло
120 грама сирење и лук

Начин на подготовка:

Измијте го спанаќот и исушете го. Исечете го сирењето на тенки парчиња и испржете го. Доматот иситнете го на поситни парчиња. На спанаќот додајте ги сирењето и доматот. Подгответе сос така што во еден сад ќе го ставите сокот од половина лимон, исечкан лук, маслото и малку сол, па матете ги со виљушка за да добиете сос. Со сосот зачинете ја салатата, измешајте ја и послужете ја.

Scroll to Top