Сарми од блитва

Потребни состојки:

33-35 листа од блитва
600 г мелено месо
2-3 главици кромид
50 г ориз
вегета, сол по вкус
1 лажичка црвен зачински пипер во прав
малку црн пипер
сув магдонос, мирудија (копар)
1 јајце

Начин на подготовка:

Листовите блитва добро измијте ги и потсечете го задебелувањето од дршката кое се наоѓа во средина на листот за да не пукаат кога ќе се виткаат. На оган ставете едно тенџере со вода, па кога ќе зоврие, спуштајте ги листовите за да омекнат неколку секунди и вадете ги на цедалка. Оставете ги на страна да изладат. Пропржете ситно сечкан кромид на малку масло, па додадете го меленото месо. Кога малку ќе се пропржат, додајте ги зачините и уште малку динстајте. Пред крајот додадете измиен и исцеден ориз, па промешајте за да се изедначи смесата. Во смесата додадете едно јајце и промешајте. Листот од блитва ставете го на работна површина и наросете ги со малку сув копар. На пошироката страна од листот ставете една полна супена лажица фил, па завиткајте ја сармата. Витканите сарми наредете ги во огноотпорен сад. Прелијте ги со вода колку да бидат прекриени и печеесармичките. Ставете ги да се печат во загреана рерна на 180 степени, околу 1-1,5 час.

Scroll to Top