Шампињони во бешамел сос

Потребни состојки:

400 грама шампињони
околу 40 грама путер
1 главица кромид
1 чешне лук
1 лажичка сол
прстофат мелен црн пипер
1 лажичка сув зачин
3 лажици брашно
6 децилитри млеко
половина лажичка мускатно оревче
2 децилитри кисела павлака

Начин на подготовка:

Измијте ги шампињоните, исцедете ги и исечкајте ги по желба. Потоа, пропржете ситно сечкан кромид на путер. Додајте исечкан лук, па исечканите шампињони и пржете ги со повремено мешање околу 10 минути. Додајте сол, црн пипер и сув зачин. Кога течноста што ја пуштиле шампињоните ќе почне да се намалува, додајте брашно и пропржете го кратко, мешајќи со лажица. Долевајте по малку ладно млеко со постојано мешање. Како што сосот станува погуст, долевајте по малку млеко и мешајте, сè додека не ја добиете посакуваната густина на сосот. Додајте уште малку сол и сув зачин по вкус, па изрендајте мускатно оревче. Тргнете го тенџерето од рингла, додајте кисела павлака и мешајте додека не се соединат сите состојки од сосот. Послужете го топло.

Scroll to Top