Шпагети со бел сос со пилешко месо

 

Потребни состојки:1 пакетче шпагети,1 главица кромид , 300 гр пилешко бело месо, 250 мл павлака за готвење ,300 гр маринирани печурки ,малку сол ,малку црн пипер малку свеж магдонос ,малку власец ,50 гр бадеми( за декорација)

Начин на приготвување: Исечкајте го кромидот на ситни коцки и ставете го да се пржи.Кога ќе почне да ја менува бојата, додајте го пилешкото месо исечкано на тенки ленти или мали коцки и пржете околу 5 минути.Додадете ги печурките и пржете се заедно уште 10-тина минути.Исцедете ги шпагетите од водата во која се вареле, додајте малку маслиново масло во нив и промешајте ги.

Кога месото ќе биде испржено, додадете ја павлаката за готвење, солта, црниот пипер и останатите зачини, и пржете со поврмено мешање додека во павлаката не почнат да се појавуваат меурчиња (пред да почне да врие).Ставете ги шпагетите во длабоки чинии, истурете го сосот врз нив (а може и да ги измешате со сосот пред да ги ставите во чинијата), и посипете ги со пармезан.

За крај, посипете ги парчиња бадеми кои сте ги пропржиле во тавче без масло, или сте ги запекле во микробранова печка,наросете малку магдонос за декорација врз целата чинија.

Scroll to Top