Сочен колач со јаболки и ореви

Потребни состојки:
за тестото:
300 гр брашно
190 гр кафеав шеќер
250 мл масло
4 јајца
1/2 лажиче сода бикарбона
1 лажиче цимет
2 јаболки, изрендани
100 гр ореви, сечкани

за кремот:
100 гр омекнат путер
200 гр крем сирење
50 гр кафеав шеќер
1 лажица мед

Начин на подготовка:

Во длабок сад ставете ги брашното, содата, циметот и шеќерот. Додадете ги маслото, јајцата и изренданите јаболки и убаво изматете со миксер. На крај додадете ги оревите и измешајте. Смесата истурете ја во калап за торта кој претходно убаво сте го намастиле со путер. Ставете да се пече во загреана рерна на 180 степени околу 45 минути. Оставете да се излади печеното тесто. За кремот измешајте ги сите состојки да добиете хомогена смеса. Тестото исечете го по должина на два дела.

Во украсна чинија ставете го едното тесто и премачкајте го со дел од кремот. Над него ставете го второто тесто и премачкајте го со остатокот од кремот. Во сад на рингла ставете ги јаболките исечени на кришки. Додадете малку шеќер, ванилин шеќер и сок од лимон и кратко варете ги додека малку да омекнат. Јаболките наредете ги на тортата.

Scroll to Top