Солени гнезда од компир и пилешко

Потребни состојки:

½ кг компири
1 кромид
1 чешне лук
1 јајце
50-70 гр кашкавал
200-250 гр ситно сечканo пилешко месо

 

Начин на подготовка:

Сварете ги компирите и изгмечете ги. Додадете ги јајцата и направете пире, матејќи со миксер. Оставете да се олади. Исечкајте го ситно кромидот, издинстајте го, па додајте го сечканиот лук и исечканото пилешко. Динстајте додека смесата не биде готова, односно месото не зарумени. На плех ставете хартија за печење и премачкајте ја со малку масло или путер. Со помош на слаткарски шприц од пирето формирајте ги гнездата, кои ќе ги наполните со филот од пилешко месо. Врз добиените гнезда ставете рендан кашкавал и печете ги во загреана рерна на 180 степени, околу 25-30 минути.

Scroll to Top