Солени триаголници со готови кори

Потребни состојки:

500 гр готови кори за пита
1 кисела павлака
4 јајца
1 чаша (од јогурт) масло
500 гр сирење
сол по вкус

Начин на подготовка:

Изматете го сирењето со две јајца. Посолете по потреба. Направете го филот со кој ќе ги премачкуваме корите – изматете ја павлаката со 2 јајца и една чаша масло. Корите пресечете ги со нож на средина за да добиете помали кори. Земете една кора, намачкајте ја по целата површина со филот, преклопете еден дел, па преклопете уште еднаш за да добиете кора со должина од околу 25 см и ширина 8 см. На едниот крај од аголот ставете сирење и повторно преклопете за да добиете триаголник. Правете триаголничиња додека да имате кори и сирење, а ако ви остане сирење ставете го одозгора врз триаголниците. Печете 10-15 минути на 200 степени.

Scroll to Top