Сутлијач со цимет и ореви

Потребни состојки:

2 шолји ориз
800-900 мл кокосово или соино млеко
200 мл вода
шолја кафеав шеќер
цимет
мелени ореви

Начин на подготовка:

Оризот измијте го добро и ставете го во сад. Ставете вода колку да го прекриете и оставете да отстои 30 минути. Потоа добро измијте го и ставете да се вари во 150 мл вода на тивок оган. Кога ќе омекне, истурете го млекото и промешајте. Ако е смесата премногу течна, не додавајте ја целата количина млеко. По 10 минути додадете шеќер и продолжете да мешате. Оставете го оризот на оган додека не се свари добро. Потоа оставете го да остине и сервирајте. Одозгора истурете цимет и украсете со мелени ореви.

Scroll to Top