Тиквички полнети со месо и зеленчук

Потребни состојки:

350 грама мелено говедско месо
1/2 главица кромид
1/2 голема зелена пиперка
2 главици од кромид
1 1/2 чаша вода
¾ чаши сечкани чери-домати
1/2 голема црвена пиперка
1/3 шолја сечкани печурки
¼ шолја ситни тестенини

 

Начин на подготовка:

Загрејте ја рерната на 180 степени. Измијте ги тиквичките и исечете ги на половина надолжно. Ставете ги во неподмачкана тава, така што внатрешните половини на тиквичките се свртени надолу, и печете ги 10-ина минути. Кога ќе се изладат доволно така што ќе можете да ги држите во рацете, користете лажица за да извадите малку од средниот дел со семето.

Во меѓувреме, во голема тава испржете го месото со кромид и зелените пиперки околу десет минути, а потоа исцедете го вишокот течност. Додадете вода, домат, црвена пиперка, печурки, тестенини, зачини, а потоа крчкајте околу 15 минути и на крајот додадете пармезан. Смесата ставете ја во шупливиот дел на тиквичките, а преостанатата вода истурете ја во тавата. Печете ги тиквичките покриени 20-ина минути, а потоа откријте ги и оставете да се печат уште пет минути. Послужете ги топли.

Scroll to Top