Тиквички со фил од сирење и чаден врат

Потребни состојки:

1 средна тиквичка
1 лажица кисела павлака
1 лажица павлака за готвење
50 гр кашкавал
50 гр биено сирење
50 гр бело сирење
свежо мелен црн пипер
По желба лук, магдонос, власец
Парчиња тенко сечкан чаден врат
1 поголем црвен домат,
масло, сол, црн пипер, оригано

Начин на подготовка:

Тиквичката ја сечеме на многу танки ленти по должина. Секоја лента  ја запржуваме на грил тава. Ги редиме тиквичките на хартиени салфети, па го подготвуваме филот. Во сад ги соединуваме киселата павлака, павлаката за готвење, изренданите три вида сирење и додаваме црн пипер. Смесата ја соединуваме. Црвениот домат го лупиме, зачинуваме по вкус и го ставме на оган кратко да крчка да излезе течноста. Така подготвен го ставаме во огноотпорен сад.
Ги филуваме тиквичките една по една. Врз секоја лента ставаме од филот со сирења, па парче врат и виткаме во ролна. Вака подготвени тиквички ги ставаме во садот врз сосот од домат. Печеме во рерна 10 минути, колку сирењата да се растопат и да се спојат вкусовите. Послужуваме топло.

Scroll to Top