Тоблероне со мед и сусам

Потребни состојки:

50 гр. чоколадо
50 гр. шеќер во прав
65 гр. маргарин (1/4 коцка)
5 лажици мед
100 гр. мелени бисквити
100 гр. сусам (потпечен)
50 гр. лешници (потпечени, сечкани)
глазура 50 гр. чоколадо
1 лажица масло

Начин на подготовка:

Сусамот се потпекува без масло, а потоа се лади. Лешниците се потпекуваат, им се отстранува лушпата, се ладат и се сечкаат во сечко. Во тенџерче се ставаат чоколадото, шеќерот во прав, маргаринот и медот, се топи сето заедно убаво да се соединат состојките, но не да преврие. Штом се стопи, тенџерчето се трга настрана, му се додаваат мелените бисквити, потпечениот сусам и лешниците. Се меша заедно и додека е топла смесата се распоредува во калап во форма на триаголник, обложен со најлонска фолија која е премачкана со малку масло. Се остава да се излади на собна температура, а потоа се става во фрижидер да се стегне. Потоа се отстранува најлонската фолија од калапот и се премачкува со глазурата од стопено чоколадо и масло.

Scroll to Top