Традиционален бразилски десерт

Потребни состојки:

5 јајца
250 гр шеќер
250 гр брашно
250 гр путер
црн крем за премачкување

Начин на подготовка:

Боло де роло е традиционален бразилски десерт, а се прави едноставно. Рерната загрејте ја на 180 степени. Белките со половината од шеќерот изматете ги цврсто. Путерот со жолчките и преостанатиот шеќер изматете го за да добиете кремаста смеса. Во путерот постепено додавајте од брашното и белките, матејќи со најмала брзина. Смесата треба да е густа за да се премачка врз хартијата за печење. Поделете ја на три дела. На хартија врз плехот тенко премачкајте третината од смесата. Ставете го плехот во загреана рерна и печете 5-7 минути, внимавајќи да не ви изгори. Извадете го плехот од рерната и одма премачкајте го тестото со загреан нугат крем (омекнете го во микробранова неколку секунди). Свиткајте го во ролат. На плехот ставете ја другата третина од тестото, испечете, премачкајте и над него ставете го првиот ролат, па повторно завиткајте. На крајот завршете и со последниот дел од тестото. Завиткајте го целиот ролат во фолија и оставете го убаво да се излади и стегне. Послужете со вино или кафе.

Scroll to Top