Потребни состојки:
200 гр маст
4 лажици шеќер
1 јајце
1 жолчка
сок и рендана кора од лимон
500 гр брашно (или 100 гр мелени ореви со 400 гр брашно)
шеќер во прав (за валкање на ванилиците)
џем (по вкус)
Пенесто изматете ја маста. Потоа додадете ја жолчката и едно цело јајце, сокот и кората од лимонот. Во таа смеса додадете го брашното, замесете тесто и оставете го малку да отстои. На даска што претходно сте ја наросиле со брашно, развлечете кора со дебелина од околу половина до еден сантиметар. Со модла вадете мали парчиња, а потоа редете ги во подмачкано тавче. Печете на 180 степени, околу 15 до 20 минути. Парчињата треба да останат бели. Кога ќе се изладат, ванилиците премачкајте ги со џем и составувајте ги две по две. На крајот извалкајте ги во шеќер во прав.