Потребни состојки:
- 2 модри патлиџана (средна големина)
- 1 главица кромид
- 2 конзерви (од 250 г) домати (пелати)
- 2 чешниња лук
- 1 лажица мед
- 200 г пармезан
- Едно пакување лазањи
- Сол
- Бибер
- Босилок (свеж или сушен)
- Маслиново масло
- Путер
- Бешамел сос
Начин на приготвување:
- Излупете ги модрите патлиџани и исечете ги на дебели тркалезни парчиња. Обложете плитка тава со хартија за печење, посолете го модриот патлиџан и ставете ги парчињата да се испечат во рерна на температура од 200°C.
- Во длабок сад, на маслиново масло пропржете го кромидот исечкан на ситни парчиња и откако ќе добие жолтеникава боја, додајте го лукот исто така исечен на ситни парчиња и пржете уште 2 минути.
- Додајте ги пелатите исечени на коцки. Додајте сол, бибер, мед и босилок. Гответе уште 15 минути.
- Во огноотпорен сад подмачкан со путер, наредете слој лазањи на дното од садот, потоа слој од сосот со домати, слој од печените патлиџани и малку изрендан пармезан.
- Постапката повторувајте ја додека не ги потрошите состојките и завршете со слој од тестенини.
- Прелијте со бешамел сос и изрендајте пармезан одозгора. Бидете сигурни дека сите листови од тестенината се добро покриени со сосот.
- Печете во загреана рерна 20 минути на 200°C. Откако ќе бидат готови лазањите, причекајте да се оладат пред да ги послужите.