(Видео) Велигденска торта во форма на зајак

Направете два тркалезни пандишпани. За еден пандишпан ви се потребни:

5 јајца
5 лажици шеќер
5 лажици брашно
1 прашок за пециво

Начин на подготовка:

Загрејте ја рерната на 200-220 степени. Тепсијата со тркалезна форма за печење на пандишпанот подмачкајте ја со малку путер или масло и поросете со брашно за да не ви се залепи тестото. Одвојте ги белките од жолчките. Во еден сад изматете ги белките во цврст снег. Кога смесата ќе стане густа, почнете да додавате една по една жолчка со постојано матење. Постепено додавајте шеќер и прашок за пециво. Кога сѐ добро ќе се соедини, додадете го брашното и мешајте го со рачна мешалка, не со миксер. Ставете ја смесата во тепсијата и печете во рерна на температура од 180 степени.

Втор чекор е формирањето на зајачето. Погледнете го видеото за да видите како се прави тортата.

Scroll to Top