Вкусен колач со праски и бисквити

Потребни состојки:

250 гр бисквити,
150 гр брашно,
3 праски,
1 пакување сув квасец,
70 гр шеќер,
2 јајца,
80 гр путер,
1 лимон
1дл млеко.

Начин на подготовка:

Изрендајте половина од кората од лимон, излупете ги праските, исечете ги на текнки фелчиња и ставете ги во еден сад. Полијте ги со сокот од лимон и измешајте ги. Сомелете ги бисквитите. Изматете ги јајцата со 50 гр шеќер. Кога ќе станат светли и пенливи, додајте ги бисквитите, ренданата кора од лимон и растопениот и оладен путер. Измешајте ги и додајте ги брашното, квасецот, млакото млеко, па соединете ја смесата. Смесата сипете ја во тава со дијаметар од 24 см, претходно прекриена со хартија за печење (малку намастена). Додајте ги фелчињата праски и попрскајте ги со останатиот шеќер, па печете го колачот на 180 степени околу 40 минути. Сервирајте го ладен.

Scroll to Top