Заборавете како сте правеле палачинки досега

Од само две состојки направете си вкусни палачинки кои можете да ги јадете неограничено. Тие немаат лактоза, глутен и рафиниран шеќер.

Ви требаат само банани и јајца.

ПОДГОТОВКА:

Згмечете една банана и додадете две јајца. Се тоа изматете го. Кога ќе добиете хомогена смеса, тоа е тоа. Не додавајте ни млеко ни шеќер. На тавче за палачинки ставете малку масло, а потоа ставете една кутлача од смесата. Можете да ја декорирате по избор.

Scroll to Top