Ѕаѕики сос

5 кисели краставички

150гр. кисела павлака

150гр. мајонез

2 лажици маслиново масло

Зачини

сол, бибер и оригано

Едноставен и брз сос, кој супер оди во комбинација со компирчиња или пак похувани работи.

Изренадајте ги киселите краставички. Во еден сад, додадете ја киселата павлака, мајонезот и маслиновото масло. Промешајте го сосот и во него додадете ги ренданите краставички, лукот во прав, посолете по вкус и наросете мелен црн бибер. Оставете го сосот да постои околу два до три часа во фрижидер и потоа сервирајте го.

Од горе порпскајте со една лажица маслиново масло, наросете мелен црн бибер и малку суво оригано.

Маслиновото масло, дава прекрасна и сјајна структура на целиот сос, па препорачувам да го испробате во овој сос.

Scroll to Top