Зелник со праз

Потребни состојки:

Фил
3-4 струка праз
10 суви пиперки
1 лажица црвен пипер

Тесто:
850 гр брашно
1/3 коцка свеж квасец
1 лажиче шеќер
1 лажиче сол
0,5 литри топла вода
околу 200 гр маргарин

Начин на подготовка:

Најпрво се приготвува филот. Се сечкаат празот и сувите пиперки и се запржуваат на малку масло. Кога ќе омекнат се додава црвениот пипер и се трга од рингла. Се остава убаво да излади. Квасецот се раствора во топлата вода, колку да се раствори, не да стасува. Се додаваат сите состојки, брашното на крај и се замесува тесто. Тестото се дели на 2 дела. Секој дел се расукува во кора, која се засекува на 5 дела, но не до крај, а во средината да остане како незасечен круг. Се премачкува со омекнат маргарин и накрсно се преклопуваат засечените делови. Вака приготвеното тесто се остава завиткано во ќеса во фрижидер. Откако ќе отстои 15тина минути, се расукува кора, малку поголема од плехот(за краевите да вистат над него) и врз тестото распоредува филот. Врз филот се става второто тесто (во рамките на плехот) и се прават набори на површината. Се виткаат страниците да се затвори зелникот во витки и одозгора се ставаат парчиња маргарин. Се пече на 200 степени.

Scroll to Top