Позитивни промени по исфрлањето на белиот леб

Лебот е една од најомилените намирници, но доколку го исфрлите од исхраната, ќе се случат неколку промени во вашиот организам.

Лебот постои во многу различни облици, а таа бомба од јаглехидрати е штетна за нашето тело и линија, но исто така ни ја црпи и енергијата.

Еве кои неверојатните промени кои ќе се случат во вашиот организам по неговото исфрлање од исхраната.

1. Ќе изгубите килограми поради губиток на вода

Лебот е преполн со јаглехидрати, а нивното нагло исфрлање од прехранбените навики на вашето тело ќе се забележи речиси веднаш, и тоа во облик на губиток на килограми. Но не станува збор за инстант-слабеење, туку за губење на вода која се собира во телото.

Телото складира јаглехидрати во облик на гликоген, млечни киселини кои собираат вода. Секој грам јаглехидрати е задржан во телото, а тој се задржува и врзува три до четири пати повеќе вода од својата тежина.

2. Нема да бидете постојано гладни

Преработените јаглехидрати, со кои е преполн белиот леб, во вашиот организам, се предизвикува брз пораст и скок на шеќерот во крв кој потоа доста брзо паѓа. Овие промени на мозокот му испраќаат нејасни сигнали кои го зголемуваат чувството на глад и желба за јадење, поради што се здебелуваме.

Но, тоа не значи дека морате целосно да го исфрлите лебот од исхраната, туку празните калории и белиот леб заменете ги со оние кои се направени од цели житарици кои го регулираат и балансираат шеќерот во крвта.

3. Енергијата ќе ви порасне, а варењето ќе ви се подобри

За разлика од интегралниот или црниот леб, белиот не содржи влакна кои ни се повеќе од потребни за нормална работа на цревата и варењето. Таквата храна предизвикува запек и проблеми со варењето.

Откако ќе го исфрлите белиот леб од менито и од секојдневната исхрана, а ќе почнете да внесувате целосни житарки, варењето ќе започне нормална и олеснета работа.

Исто така, јаглехидратите се храна и гориво за мозокот. Доколку тие се квалитетни, мозокот ќе работи нормално, без проблеми, но ако храната за мозокот не е здрава, телото ќе реагира негативно, па се појавува чувство малаксаност и замор.

Scroll to Top