(Видео) Се зголемува мистичниот кратер во Сибир, истражувачите предупредуваат за опасност од испуштање штетни гасови

Снимки од дрон открија детали за кратерот Батагаика во североисточен Сибир, Русија, долг еден километар, кој се шири како што планетата се загрева.

Тоа е најголемиот светски кратер од вечен мраз, почва која била под нула степени Целзиусови во период од две или повеќе години.

Кратерот почнал да се формира откако околните шуми биле расчистени во 1960-тите.

Локалниот жител и истражувач на кратери, Ерел Стручков, изјавил за Ројтерс дека кратерот почнал да се формира во 1970-тите и дека во последно време сè повеќе се шири.

Некои локални жители го нарекуваат кратерот Батагајка „порта кон подземниот свет“, а познат е и како „уста на пеколот“.

Научниците велат дека Русија се загрева најмалку 2,5 пати побрзо од остатокот од светот, топејќи ја одамна замрзнатата тундра која покрива околу 65 отсто од копнената маса на земјата и ослободувајќи стакленички гасови.

Никита Тананајев, водечки истражувач во Институтот за вечен мраз во Јакутск, за Ројтерс изјавил дека во иднина, како што температурите ќе растат, ќе има се повеќе и повеќе такви кратери додека вечниот мраз целосно не исчезне.

Топењето на вечниот мраз веќе ги загрози градовите низ северна и североисточна Русија, пукајќи ги цевководите, домовите и оштетувајќи ги патиштата.

Кратерот Батагајка за време на експанзијата испушта огромни количества опасен гас од внатрешноста и може да претставува опасност за целата планета.

Д-р Кристофер Фогвил од Универзитетот во Нов Јужен Велс, смета дека ослободувањето на големи количини на метан од областа на вечниот мраз е голема причина за загриженост.

Кратерот Батагајка се мери од 1980-тите и моментално е долг околу еден километар и длабок 86 метри. Отворот на земјата открива почвени слоеви стари помеѓу 120.000 и 200.000 години, со прелиминарно датирање на најнискиот можен слој до 650.000 години. Ова ја прави најстарата неоткриена потопена област во Евроазија. Кратерот се шири и расте за 20 до 30 метри годишно, а тоа ќе продолжи се додека земјата не се смири.

Замрзнатите делови од земјата, песокот и камењата делуваат како замрзнувач кој зачувува бројни остатоци од растенија и животни, спречувајќи ги да се распаѓаат илјадници години. Ова му овозможува на некој да стекне увид во минатото. Секој новооткриен слој на кратер е како геолошка слика што им открива на научниците како вечниот мраз и површинската вегетација реагирале на топлина и студ низ историјата.

Така, на пример, одвреме-навреме се појавуваат вести дека во вечниот мраз на Сибир е пронајдено одредено (замрзнато) животно, старо и неколку десетици илјади години.

Сепак, топењето на мразот може да ослободи и некои досега непознати работи.

Вирусите и бактериите се ослободуваат и можат да се вратат во живот. Многу е можно дека многу вируси се уште се непознати за човештвото.

Scroll to Top