Италијанските медиуми пренесуваат дека најтрофејниот италијански клуб Јувентус на лето планира да направи големи промени во тимот.
Тие најавија дека ќе донесат две големи фудбалски имиња. Сè поизвесно е дека тренерот Пирло ќе си замине, а на негово место ќе се врати Масимилијано Масими Алегри.
„Газета дело Спорт“ пренесува дека „бјанконерите“ преговараат со Сасуоло за Мануел Локатели и Хусем Оуар од Лион. Локатели веќе подолго време е мета на Јувентус и се очекува неговиот трансфер набрзо да биде официјализиран.
Што се однесува до Оуар, Лион веќе му постави цена и е спремен да го пушти за 40 милиони евра. „Старата дама“ се очекува да обезбеди пари од продажбата на Арон Рамзи и Адриен Рабио. Јувентус ги доби двајцата за без пари и ќе има чиста заработка од нивните трансфери,
Клубот очекува од нив да заработи повеќе од 50 милиони евра.