Новороденото окапи во зоолошката градина во Лондон го доби името Меган, во чест на свршеницата на принцот Хари. Животното со шарени нозе како зебра што припаѓа на фамилијата жирафи, е родено на почетокот на декември. Од зоолошката решиле да го наречат Меган за да ја прослават кралската свадба.
Претставник на зоолошката градина вели дека Меган напредува добро, а дека нејзината мајка, Они, ја чува додека спие. Според Гема Меткалф, вработена во зоолошката, раѓањето на Меган е одлична можност да се привлече внимание кон окапи кои се исклучително загрозен вид.
Окапи потекнуваат од Конго. Понекогаш ги нарекуваат шумска жирафа или зебра жирафа.