Раѓањето деца повеќе не е тренд, туку кариера

Да се биде сингл порано значело дека никој не те сака. Сега сингл значи дека ти си згодна, секси и си земала доволно време самата да одлучиш каков живот сакаш да имаш и со кого да го минеш. Ова е планот на моќниците на патот до целосната депопулација.

Сите млади жени (особено на оние во триесетите години) остануваат сингл. Бројките се незапирливи. Просечната старост на девојките во Хрватска за време на стапувањето на првиот брак во 2013 година, изнесувала 27,9 години. За споредба во 1970 година, кога нивните мајки се мажеле, просечната старост на невестите била некаде околу 21 година.

Сами но не се осамени

Жените се повеќе тежнеат да стапат во брак во подоцнежните години, а статистиката покажува дека и жените и мажите најчесто се разведуваат во триесетите години од животот.

Но, вистинското прашање е зошто младите жени остануваат сингл? Социолозите и психолозите ги наведуваат целите низ низа причини кои нема така скоро да се променат, па за очекување е да овој тренд на сингл жени продолжи и во иднина.

Дел од причините треба да се бараат во економските и финансиски услови во светот. Економската криза и небезбедноста на пазарот на труд, влијаело на тоа дека жените фокусот на барање на партнер и основање семејство го префрлиле на вработувањето.

На девојките поважна им е кариерата. Статистиката покажува дека се повеќе девојки од Хрватска се запишуваат и завршуваат факултети (во 2013 година, уделот на жените меѓу дипломираните во високото образование изнесувал дури 58,9%). По завршувањето на факултетот, жените посакувале да се вработат и да изградат кариера. На некои тоа им успеало за краток период по дипломирањето, а некои жени тоа се обидуваат да го изведат со години. Но, повеќето во текот на крајот на 20-те години, може да се каже дека ја пронашле кариерата која сакаат да ја градат и да направат добар темел за нив.

Освен кариерата, тука е и финансиската стабилност. За разлика од претходните генерации во кој мажите биле тие кои го хранеле семејството и кој работеле, додека жената била таа која била дома со децата, модерните жени не сакаат да бидат зависни од мажите. Затоа младите жени се фокусираат на заработката и сопствена финансиска независност. Иако во Хрватска тоа сеуште не е исклучок туку правило, во странство не е необично да жената заработува повеќе од мажот и повеќе да не му биде потребен за да ја издржува

Тука е и аспектот на забавата. Затоа што многу млади жени во своите рани 20 години се посветуваат на образованието, а во доцните 20 градат кариера. Сега кога завршиле една фаза во своите животи, тие не сакаат да се смират, туку се подготвуваат за забава. Сакаат да патуваат низ светот, да ја искористат предноста на финснсиската независност, да живеат сами и да дишат со полни плуќи. Тоа не значи дека ги избенуваат мажите. Не, само ги има во се поголем број кои не сакаат да бидат врзани за некого.

И тука доаѓаме до прашањето за врска. Бројот на парови во вонбрачна врска, односно, како што се вели меѓу народот, див брак, е се поголем. За разлика од нивните родители или дедовци и баби кои се во брак повеќе од 30 години, младите жени не се сигурни дали сакаат нивната врска со машките да потрае. Бројот на разводи е се поголем (според статистиката, во Хрватска се разведува речиси секоја трета двојка), а сепак полесно е да се разделат кога не се во законска врска. Тоа особено е видливо кај младите жени кои доаѓаат од разведени семејства и кои од прва рака знаат што разводот значи за партнерите и децата.

Хрватите се подоцна стапуваат во брак и се порано се разведуваат.

Во 2013 година во Хрватска имало венчавки на 20.323 парови, а се развеле дури 5659 брачни двојки, односно речиси секој трет, велат податоците од Државниот завод за статистика за разводите во Хрватска во 2012 година. Во просек, се разведуваат на секој 14,2 години брак и тоа во повеќето случаи, двојките не се воздржуваат ни поради децата. Најголемиот број на разводи се случиле по поминати десет и четрнаесет години, следат двојките кои заедно минале 25 и повеќе години. На третото место по склучени разводи се оние кои се во брак меѓу 15 и 19 години. Во најголемиот број на случаи, мажите и жените во Хрватска се разведуваат во добата од 30 до 39 години, но минатата година, околу шест проценти од разведените двојки биле постари од 60 години.

Најмногу разводи се случиле во Загреб, каде во текот на минатата година биле склучени 1472 брака, а притоа најмногу од нив биле постари од 20 години или пак кои траеле од пет до максимално девет години. По бројот на разводи следи Осечко барањксиот округ со минатогодишните 548 разводи, при што најголем дел од нив се случиле по повеќе од 20 години брачен стаж. На третото место е Сплитско далматинскиот округ, со 415 разводи.

Статистиката вели дека во брак влегуваат луѓето кои се постари, а ги има и во се помал број. Просечната старост на невестите во 1989 година изнесувала 23.1 година, а невенчаните девојки имале 26,7 години, додека сега жените во просек влегуваат во брак на 27,7 години, а мажите со 30.5 години.

Не треба да се очајува?

Зошто најчесто тетите и бабите прашуваат кога ќе се венчате. Нивните мајки се откажале од испрашувањето. Пријателите исто така им се сингл, а оние кои се во брак им завидуваат на фактот дека непроспиените ноќи не значат „бев со болното дете“, туку „бев сама надвор и запознав супер луѓе“.

Младите жени се независни и способни да направат се што треба. Не им е проблем да отидат   на вечера во кино или на пат самите. Не вриштат кога ќе видат пајак во собата. Земаат весник и го решаваат проблемот. Самите возат и ги носат автомобилите на сервис или го поправаат својот компјутер. На пат самите си ги носат торбите. За ваквата еманципираност нивните мајки и баби се бореле со години.

Воглавно според податоците од пописот на населението во 2011 година, во Хрватска во овој момент вкупно имало 198 стогодишни жители, од кои дури 162 биле жени. Исто така треба да се додаде дека просечниот животен век за жените е подолг и во моментов изнесува околу 80 години. Значи, денешните млади жени навистина не мора да брзаат.

 

 

 

 

Scroll to Top