Турскиот град Ерзин нема жртви и урнати згради затоа што градоначалниците не дозволувале илегално градење

Градот Ерзин остана недопрен по силниот земјотрес во Турција и ниту една од зградите на ова место не се сруши, иако е оддалечен само 113 километри од епицентарот.

Населението верува дека тоа е затоа што е заштитен од околните планини и брда, но надлежните велат дека и сегашниот и претходните градоначалници инсистирале зградите да се градат според законските прописи и ниту еден од нив не дозволил дивоградби.

Според турскиот весник „Хуријет“, ова се должи на рестриктивните активности на градоначалникот Екеш Елмасоглу, кој не дозволил да се кршат важечките стандарди во градежништвото.

Во целиот град со 42.000 жители се оштетени само неколку семејни куќи и џамии. Обемот на уништувањето е мал и затоа што најголем дел од станбените објекти се со четири ката, а највисоките згради имаат пет ката.

„Не дозволив илегално градење под никакви околности. И покрај тоа, имаше некои кои се обидоа. Во почетокот не бевме во можност да ги следиме зашто немавме доволно персонал, но подоцна ги пријавивме тие луѓе во канцеларијата на обвинителот и ги срушивме нелегално изградените објекти“, вели Елмасоглу.

Градовите како Османија кои се само 19 километри оддалечени од Ерзин, беа целосно уништени. Тамошните жители побараа спас и помош кај нивните роднини и жителите во Ерзин.

Рестораните остануваат отворени за луѓето на кои им е потребна помош, а полицијата во центарот на градот е фокусирана само на насочување на сообраќајот во кружните текови. Не се занимаваат со пребарување и спасување на жртви.

39 годишниот Емре Тибикоглу, кој работи во општината и ја надгледува работата во донаторските центри, каде се собираат облека и храна рече дека градот им нуди помош на сите новодојденци кои доаѓаат од погодените подрачја.

Според неговата проценка по земјотресот во градот пристигнале околу 20.000 луѓе, што е отприлика 50% од тамошното население.

„Знаеме дека сме во зона на земјотресот“, рече тој и објасни дека благодарение на сегашниот и претходните градоначалници, ниту една од зградите не била срушена во земјотресот.

„Сите инсистираа да се гради по законски прописи“, дополни тој и рече дека кога било утврдено дека некој гради на диво и дека постојат нелегално изградени објекти, одма се барало да се срушат.

Некои од мештаните биле гневни, но градоначалникот истрајал во одлуката знаејќи дека еден ден може да дојде до силен земјотрес. Градот е уништен, а една од стаклените згради останала недопрена.

Тибикоглу не е сигурен зошто другите општини не го правеле истото, но се сомнева дека постојат врски меѓу локалните политичари и градежните изведувачи. Рече дека построгите владини регулативи можеле да ја ограничат трагедијата од големи размери.

Рече и дека во Ерзин исто така нема изградено повеќекатници, што го намалило ризикот, иако слушнал дека некои згради во градот се оштетени до таа мера што повеќе не е безбедно луѓето да живеат во нив.

Градот може избегна целосен разор во соседните области, но земјотресот со јачина од 7,8 степени според Рихтер се почувствува. Инженерите во Турција веќе со години предупредуваат на лошите градби имајќи ја во предвид ранливоста на земјата од силни земјотреси.

Загриженоста пораснала по законот од 2018 година, кој овозможи амнестија на нелегално изградените згради и кој им дозволи на сопствениците да ги користат ако ја платат државната казна.

Владата вети детална истрага и нареди притвор за повеќе од 100 луѓе поради срушените згради, дури и откако опозицијата го обвини дека не обезбедил правилна примена на прописите. Бејаз Јалцин е меѓу среќните кои го преживеаа земјотресот.

Кога земјата се тресела, таа била со своите четири мали деца во Ерзин. Сè уште не знае дали нејзината куќа во градот Газиентеп каде живее е срушена.

„Во шок сум. Не сакам повторно да се соочам со истата ситуација“, рече таа и додаде дека со семејството дошла во Ерзин на венчавка кај роднини. Иако не се повредени, останале без топла облека и засолниште. Нејзиното најмало дете, петходишниот Јахит стоел на студ во папучи без чорапи. Имал само зелена јакна и панталони со дупки на нив. Неговите браќа и сестри чекале во куќата кај нивни роднини.

Бејаз рече дека е сигурна дека ќе најде чорапи за него, но барала и ќебе. Најважно и е да најде безбедно место за престој. Може и шатор вели таа и обајсни дека зградата во која седете е оштетена и смета дека не е безбедна за да бидат таму.

(Видео) Зградите во Турција се рекламираат како безбедни иако не се изградени по пропис

 

Scroll to Top