Брзи фритули – идеален појадок за децата

Овие крофнички се подготвуваат за 10 минути. Во зависност од желбата, можете да ги подготвите солени или благи. Рецептот е ист, но во солените фритули не ставајте ги шеќерот и ванилата.

 

Потребни состојки:

400 мл јогурт
2 јајца
2 пакетчиња ванилин шеќер
малку сол
2 лажици шеќер
20 лажици брашно
1 пакетче прашок за печиво
1 лажица ракија
масло за пржење

 

Начин на подготовка:

Измешајте ги сите состојки и мешајте додека да добиете мазна смеса. Ако смесата ви е ретка, додадете уште малку брашно. Фритулите вадете ги со лажица од смесата и пржете ги во врело масло. Внимавајте, маслото не смее да биде премногу врело за да не ви загорат однадвор, а да останат живи внатре.

Scroll to Top