Подгответе лазања со пилешко

Потребни состојки:

700 г пилешко бело месо

Тесто за лазањи:

230 г крем сирење

1 коцка пилешка супа

¼ чаша зовриена вода

230 г моцарела

700 мл сос од домати

 

Подготовка:

Во големо тенџере загрејте посолена вода и гответе го тестото за лазањи 10-ина минути. Потоа измијте го со ладна вода и оставете го настрана. Во друго тенџерче варете го пилешкото со малку вода, колку да го покрие месото, 20-ина минути. Во ¼ веќе зовриена вода изматете ја коцката супа, а потоа помешајте ја со исечканото пилешко, крем сирењето и половина моцарела. Во плех ставете тесто за лазањи, па сосот од домати, одозгора додајте ја мешавината со пилешкото, а потоа повторно тесто за лазањи. Повторувајте го таквиот редослед сѐ додека имате материјал. Кога ќе стигнете до последниот ред на тесто за лазањи, над него ставете го остатокот од моцарелата. Лазањите печете ги во рерна загреана на 175 степени околу 45 минути.

Scroll to Top