Слатки колачи нутела

Потребни состојки за тестото:

1 јајце

300 грама брашно

125 грама путер

100 грама шеќер

50 мл млеко

30 грама чоколадо

прстофат сол

1 лажиче ванилин екстракт

1/2 лажиче прашок за печиво

 

Потребни состојки за филот:

200 грама „нутела“

100 грама шеќер во прав

 

Ќе ви треба и:

1/2 шолја крупно мелени лешници

 

Начин на подготовка:

Измешајте го убаво нутела-кремот со шеќерот. Направете мали топчиња и оставете ги одвоени едно од друго на рамна подлога. Растопете го чоколадото во млекото. Изматете го путерот со шеќерот и ванилата и потоа додајте го јајцето. Изматете убаво. Додајте ги брашното, прашокот за печиво и малку сол, па замесете со рака. Постепено додавајте го млекото со растопеното чоколадо. Кога ќе добиете мазно тесто, ставете го во фрижидер малку да се стврдне. Тестото развлечете го помеѓу два листа хартија за печење, а кората треба да е со дебелина од најмногу половина сантиметар.

Извадете го горниот лист и тестото исечете го на коцки од 10 на 10 сантиметри. Во секоја коцка ставајте по едно топче нутела-фил, затворете го со тестото, па свиткајте го колачето во форма на топка. На крајот извалкајте го во крупно мелени лешници.

Колачите редете ги во плитката тава така што секое благо ќе го притиснете. Печете ги 15 минути во загреана рерна на 180 степени. Овие колачи стануваат потврди кога ќе се изладат, па затоа не надминувајте го ова време на печење, дури и ако ви изгледаат недопечени.

Scroll to Top