Солена пица плетенка

 

500 гр брашно

1/2 лажичка сув квасец

1 лажица шеќер

1 лажиче сол

50 мл млеко

100 мл масло

200 мл вода

за полнење

200 гр салама

по потреба кечап, оригано

Најпрво од наведените сосотојки замесуваме тесто, со постепено додавање на замлачена вода – можеби ќе ви треба помалку/повеќе, видете според тестото. Го оставаме на кисне околу 1 час.

Го премесуваме тестото и го делиме на 3 дела. Од секој дел расукуваме кора во вид на правоаголник со должина колку плехот во кој ќе печиме.

Во средишниот дел по должина, ставаме фил – кечап, оригано, салама (во едниот дел јас ставив ајвар и маслинки), а краевите ги сечиме на ленти, но малку закосено (види на сликата). Потоа го затвораме филот, така што префрлуваме лента од едната страна, па над неа од другата страна (да се преклопат).

Ги оставаме плетенките да киснат околу 30 минути, па премачкуваме со јајце, и наросуваме оригано.

Ги печеме во загреана рерна на 180 степени, околу 20 минути.

Scroll to Top