Славата не ме интересира и моето име не ми беше важно на шпицата

Небојша Глоговац, кој на 12 февруари е погребан на Новите гробишта во Белград, беше познат како човек кого славата не го интересира, а можеби најдобро неговите ставови за глумата и животот ги опишува во интервјуто од 2000 година.

Во ноември 2000 година Глоговац во магазинот „Време“ истакна дека актерите не се важни и дека е добро во филмот воопшто да не постои шпица.

„Сакам да ја спомнам теоријата што ја разработувавме деновиве во кафе-бар. Многу би сакал актерите практично да не се знаат, гледачот да не ги забележува додека го гледа филмот, свесен за нивните биографии и кариери. Би сакал гледачот да не ги споредува актерите какви се сега, а какви биле некогаш. Исклучително би сакал филмот да се набљудува како целина за себе. Дојден сум да гледам филм, не ме интересира кој игра и не знам што работел тој претходно.

Можеби би било добро да не постои шпица. Актерите не се важни, важен е настанот, важен е филмот и што се раскажува во него. Таа идеја ми е многу интересна. Можеби би можел да направи некоја авангардна продуцентска куќа која би ги правела филмовите без шпица. Моето име не е важно за филмот. Филмот е непотребен товар на имиња. Јас сакам да бидам слуга на својата работа, не сакам, не ми е потребна биографија и сето тоа што иде со неа“, изјави Глоговац, кој тогаш на интересен начин ја опиша својата кариера.

„Никогаш не сум се занимавал со замислување на кариерата. Единствено што на таа тема работев, се сеќавам, уште на факултет, но тоа беше на шега, смислив говор за доделувањето на „Оскарите“. Што би рекол кога би добил „Оскар“. Се шегувавме јас, Воин, Сергеј (Ќетковиќ и Трифуновиќ) и. Се сеќавам, многу се заблагодарувавме, па фала за ова, фала за она.

Но, кариерата, славата, навистина никогаш не ми беа во главата. Па јас не отидов на глума со 18 години поради страв дека тоа нема да можам да го работам како што треба, туку поради почит кон таа работа, инстиктивно чувство, затоа што рационално ништо не знаев за глумата, ни каква е таа работа, ниту како функционира“, објасни Небојша Глоговац и продолжи:

„И, ете, поради тоа некое почитување кон тој чин и кон работењето на својата работа, почитувањето што го имам до ден-денешен, страхопочит впрочем, некој респект кон врвниот чин на глумата, ете тој врвен чин на глумата, е единственото нешто што ме интересира. За тоа размислувам.

Постојано во главата ми е приказната за оној господин кој, играјќи во улогата на идиотот кнез Мишкин, беше испратен во лудница. Играше на границата на лудилото. Знаете, некои за тој актер коментираа дека тој ништо после тоа не глумел. Па што има да глуми потоа. Ете тоа е мојот поглед на работите.

Scroll to Top